Сали Бериша „удри“ по Американците

Поранешниот албански претседател и премиер Сали бериша, кого американскиот Стејт департмент го прогласи за неподобен за влез во САД заради корупција, го повика државниот секретар Ентони Блинкен да ги објави документите кои ги има за да биде поткрепена таквата одлука.

Бериша обраќајќи се директно на Блинкен, преку Фексбук порача дека за одлуката на Стејт департментот дознал од медиумите.

Тој нагласи дека за три децении политичка работа не било подигнато обвинение против него за каков било облик на корупција.

Го повика Блинкен да ги објави сите факти и документи достапни на американската администрација, или на кого било друг, за да го поткрепи своето тврдење за него и неговото семејство.

Бериша на крајот нагласи дека е горд на своите ставови, и дека секогаш работел во интерес на граѓаните на Албанија.