Самит на лидери на ЕУ: Курц инсистира на разговори за распределба на вакцини

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна денеска дека главна тема на Самит на лидери на држави членки на Европската унија ќе биде борбата против пандемијата и, во контекст на тоа, распределбата на вакцините.

Тој, во изјава за медиумите, истакна дека е потполно неразбирливо ЕУ да извезува 70 милиони дози вакцини во сите делови од светот, а да не добила ниту една вакцина надвор од Унијата.

Курц рече дека ја поддржува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, чија цел е да се воспостави контрола на извозот на вакцини.

Во борбата против пандемијата, вели, мотото мора да биде „не е важно колку чини“.

Заради тоа смета дека е апсурдно што постои дискусија во врска со ограничувањата од 200 милиони евра за набавка на вакцини во Австрија.

Според неговите зборови, до сега се потрошени 80 милиони евра и порачани се 30 милиони дози, а проблемот е во доцнењето на испораката.