Само „Виз ер“ доставила понуда за нови дестинации од Скопсиот и Охридскиот регион на повикот за субвенционирање авиокомпании, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Јавно отворање на понудите се одржа денеска во 12 часот.
„До 12 часот, до кога беше крајниот рок, понуда достави само една компанија, „Виз ер“. Во следниот период Комисијата ќе изврши евалуација на понудата за да утврди дали поднесената документација одговара со условите и барањата на тендерот, велат од Министерството.







