„На територија на државата вчера биле санкционирани вкупно 151 возачи за непрописно престигнување, а 62 возачи за возење под дејство на алкохол“, информира МВР.
Исто така, санкционирани се и 446 други прекршоци.
„Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот“, се наведува во соопштението на МВР







