Санкционирани 179 возачи во Скопје, 28 за управување со брзина поголема од дозволената

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, од кои 28 за управување со брзина поголема од дозволената, а 22 мерки за возење без возачка дозвола.

За нерегистрирани и технички неисправни возила изречени се 17 казни, 10 санкции за управување под дејство на алкохол, девет за користење на мобилен телефон и осум мерки за поминување на затворен семафор (црвено светло).

Од МВР предупредуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од Министерството за внатрешни работи. .