Санкционирани 502 возачи, најголемиот број за пречекорување на брзина

LinkSense.mk

Министерството за внатрешни работи, вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 502 возачи.

Од нив 49 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 197 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 305 надвор од населено место, велат од МВР и додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.