СБ на ОН ја отфрли руската резолуција за укинување на функцијата Висок претставник на ОН во БиХ од 2022 година

Советот за безбедност на Обединетите нации вчера ја отфрли руската резолуција, со која се поддржува именувањето на германски дипломат Кристијан Шмит за меѓународен Висок претставник за БиХ, но треба да се затвори неговата канцеларија на 31 јули 2022 година, што претходно беше одбиено од западните земји

Предлогот за резолуција доби само два гласа, на Москва и на Пекинг, а сите други членови на Советот беа воздржани.

За да се усвои текстот на резолуцијата беа потребни девет од 15 гласа, под услов никој од петте постојани членки (САД, Франција, Велика Британија, Русија, Кина) да не стави вето.

Очекувано беше одбивањето на резолуцијата, откако пред гласањето, западните дипломати ја обвинија Москва дека сака неверодостојни да ги направи канцеларијата на Високиот претставник и поранешниот германски министер за земјоделие, Кристијан Шмит, кој на оваа функција стапува на 1 август.

Шмит беше избран за Висок претставник на ОН во БиХ на 27 мај од Советот за имплементација на Дејтонскиот договор од 1995 година.

Русија, која со години се обидуваше да ја затвори канцеларијата на Високиот претставник, обвинувајќи го за пристрасност на штета на интересите на босанските Срби, во јуни изјави дека „силно го отфрла“ назначувањето на Кристијан Шмит за наследник на Австриецот, Валентин Инцко, кој е заминување од функцијата по 12 години. с