Свадба со околу 120 гости во угостителски објект во Добродол, објектот затворен

Угостителски објект во гостиварското село Добридол е затворен бидејќи во него била организирана свадба со околу 120 гости.

Полициски службеници и инспектори од Пазарниот инспекторат излегле на лице место по дојава во 18:50 часот вчера во полициското одделение Галате.

Според информациите од билтенот на Министерството за внатрешни работи, свадбата ја организирал М.И. (55), а угостителскиот објект е сопственост на М.И. (33).

Од МВР најавуваат соодветни пријави.