Светските лидери ќе испраќаат видеозаписи наместо физички да се собираат во ОН во септември

Светските лидери ќе испраќаат видеозаписи наместо физички да се собираат во ОН во септември поради пандемијата со новиот коронавирус. Така одлучи Генералното собрание на Светската организација.

Годишната средба на високо ниво беше разгледувана како недела за одбележување на 75-годишнината на таа органзиација, но генералниот секретар Антонио Гутереш во мај предложи лидерите да испратат видео изјави поради можни проблеми со патувањето, за што членките се согласија.

„Секоја држава-членка, држава набљудувач и Европската унија можат да достават претходно снимена изјава од шеф на државата, заменик претседател, шеф на Владата, министер или заменик-претседател, за да се емитува во салата на Генералното собрание по воведувањето на физички присутен претставник“, се наведува во одлуката.

Стотици настани се случуваат и на маргините на дебатата во ОН, но претседателот на Генералното собрание Тијани Мухамед-Банде ги охрабрува земјите во писмото „да ги преместат сите споредни настани на виртуелни платформи за да се ограничи бројот на луѓе во зградата на ОН“.