СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат став за клучните прашања во државава

LinkSense.mk

„Освен што се посветени на барањето амнестија за криминалот на нивната партија и поранешното раководство, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат став за клучните прашања од врвен национален интерес за граѓаните и за Македонија“ велат од СДСМ.

Од партијата со став дека „Македонија има вистинска, историска шанса за напредок, за членство во НАТО и ЕУ со зајакнат македонски идентитет, само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за референдумот, се уште не соопштуваат за што се“.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат пред граѓаните и да соопштат за што се, дали се за иднина или се враќање во црното минато на криминал и изолација.

„СДСМ заедно со сите политички субјекти и прогресивни сили кои се на страната на иднината, на страната на НАТО и ЕУ, ќе овозможи волјата на граѓаните да биде целосно испочитувана и реализирана. На референдумот на 30-ти септември, граѓаните ќе изберат светла иднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет, граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина“,  велат од СДСМ.