СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против нови работни места, организираат собири кои се опасност по јавното здравје

ВМРО-ДПМНЕ до толку се изгуби во својата деструктивност што почна да се противи на нови инвестиции и отворање на нови работни места.

Претседателот Зоран Заев присуствуваше на отворање хотел во Кочани во време кога туристичкиот сектор се соочува со сериозни предизвици поради коронавирусот.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски по секоја цена останува посветена на деструкција, на ширење лажни вести како единствен начин на нивно делување.

ВМРО-ДПМНЕ наутро глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, а попладне организира собири на кои масовно се кршат мерките и задолженијата за заштита од КОВИД 19. Таканаречените протести на ВМРО-ДПМНЕ кои служат само за спас на фотелјата на Мицкоски се опасност по јавното здравје.

ВМРО-ДПМНЕ нема што друго да понуди освен деструкција. Затоа губи три пати на озбори и затоа уште долго ќе е опозиција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ