Повторно ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести. Во недостиг на идеи и страв од изборен пораз неуспешно се обидуваат да ги манипулираат граѓаните, велат од СДСМ со соопштение за јавност.
„Златко Марин во 2009 година имал сообраќајна незгода, но фактите се сосема поинакви од лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ.
„Случајот е завршен со судска пресуда во којашто стои дека и двата учесници во настанот се виновни за сообраќајната незгода. Согласно судската одлука двете лица кои учествувале во прекршокот имале иста одговорност и уредно си ја платиле казната до 26.000 денари. Златко Марин не е осуден за ништо и за тоа има поднесено соодветна потврда“.
За разлика од овој законски и одговорен пристап, соработниците на Никола Груевски, Ален Зекиров и Дејан Митревски – Урко убиваа луѓе со мотори и не одговараа.
Помина времето на беззаконие во кое се дивееше по улиците и се газеа луѓе, а никој не одговараше. Доаѓа одговорна власт која ги почитува законите и тие важат за сите подеднакво, велат од партијата.







