Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи централен митинг во главниот град Скопје, а опозицициската Коалиција, „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе има средби со граѓани во Василево, Ново Село, Босилево и Конче и митинзи во Радовиш и Струмица.
ДУИ денеска е на средби со граѓани во Охрид и Струга, а Движењето БЕСА во Желино.
Кампањата за првиот изборен круг завршува во петок, на 13 октомври, во 24 часот.
Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври.







