СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат за колапсот на јавниот превоз во Скопје

LinkSense.mk

Нови меѓусебни обвинувања од двете најголеми политички партии во земјава кој е виновен за колапсот на јавниот превоз во Скопје .

Моменталната состојба во јавниот превоз во главниот град, според СДСМ, е резултат на неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и на лажните ветувања на градоначалничката Данела Арсовска, која како што велат, ги добила ланските локални избори токму со ветувањата за јавен превоз.

Приватните автобуски превозници не возат поради неисплатени милионски долгови од страна на Градот Скопје. Додека јавниот сообраќај е во хаос никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше. Арсовска лани ги доби локалните избори токму со ветувањата за јавен превоз. Ветуваше брз, ефикасен и бесплатен автобуски превоз за сите граѓани“, велат од СДСМ во партиското соопштение.

Наместо реализацијата на ветувањата, велат од партијата, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска создадоа катастрофа во Град Скопје.

Од друга страна, пак, ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ и градоначалничката Арсовска оти правеле политика од хаосот во Скопје и ги повика да ги исплатат заостанатите долгови кон приватните превозници.

„Што се однесува до политиката која ја прави СДСМ од целиот овој случај, добро ќе биде да кажат што барала Арсовска на тајна средба со Ковачевски во Владата минатата недела? Зошто молчат за темите на разговорот и нивната полутајна коалиција?“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Утринава со 30-ина автобуси приватните автобуски превозници ја блокираа крстосницата кај Трговскиот центар „Мавровка“ поради, како што велат, неисплатениот долг кој Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) „Скопје“ го има кон нив.

 

ФОТО: МИА