СДСМ: Македонскиот јазик и идентитет стануваат признаени од целиот свет, само на ВМРО-ДПМНЕ му пречи тоа

LinkSense.mk

Македонскиот јазик и идентитет стануваат признаени од целиот свет, зошто само на ВМРО-ДПМНЕ му пречи тоа? прашуваат од СДСМ во соопштение за јавност.

Зошто само на ВМРО-ДПМНЕ му пречи тоа што македонскиот идентитет е признаен од целиот свет? Што има ВМРО-ДПМНЕ против влез во ЕУ и НАТО со заштитени и загарантирани македонски јазик и идентитет?

Македонско – грчкиот Договор јасно ги дефинира термините Македонец, Македонка, македонско, македонски и трајно ги заштитува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност за никој повеќе да не може да ги негира или оспорува.

Крајно време е матрицата на ширење лажни вести ВМРО – ДПМНЕ да ја замени со искрена, одговорна, државотворна поддршка за македонската иднина, за членството на Македонија во ЕУ и НАТО и успешност на претстојниот референдум.

Тука сме да му помогнеме на Христијан Мицкоски за да се охрабрат, да размислат и да донесат став за референдумот, за иднината.

Граѓаните се одлучни и цврсто определени ЗА европска Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат доволно време да се приклучат кон мнозинството граѓани и да дадат поддршка на процесите што водат во ЕУ и НАТО, велат од партијата на СДСМ.