СДСМ: Поканата за влез во НАТО е историски успех

LinkSense.mk

„Остварен е уште еден историски успех на Македонија и нејзините граѓани. Република Македонија доби покана за влез во НАТО“, се вели во соопштението за јавност од СДСМ.

Социјалдемократите им честитаат на сите граѓани. Велат дека сите заедно успевме во остварувањето на целта и напоменуваат дека вратите на Алијансата се отворени и дека е обезбедено местото на Македонија во НАТО.

„Влезот во НАТО е остварување на врвните стратешки цели на Македонија, поставени уште од денот на нејзиното осамостојување. Се оставруваат децениските заложби на претходните и сегашните генерации, се обезбедува стабилноста, развојот и иднината на наредните генерации.

Членството во НАТО не значи само обезбедена сигурност и стабилност, тоа значи и повеќе инвестиции, зајакната меѓународна доверба во македонската економија, нови работни места и повеќе пари во секое семејство.

После години изолација, неизвесност и стагнација, денес вратите за членство во НАТО и започнување преговори со ЕУ се отворени, македонскиот идентитет и иднина се обезедени. Македонија станува дел од семејството на кое му припаѓа.

Добар глас за нашата земја се шири низ демократскиот свет. Позитивните вести за Македонија се на насловните страници на светските медиуми и влијателните новинарски агенции. Успехот на Македонија е препознаен и признаен. Македонија оди напред!“, стои во соопштението на владејачката СДСМ.