СДСМ: Половина граѓани одбиваат да разговараат со Мицковски, бидејќи ја загрозува нивната иднина

LinkSense.mk

Половина од граѓаните на кои им пристапил, одбиле воопшто и да разговараат со Христијан Мицкоски и неговите претставници, затоа што Мицкоски ја загрозува иднината на државата, велат од СДСМ.

Граѓаните се цврсто определени за напредок, развој и интеграција во најсилните светски сојузи.

Мицкоски да се преиспита и да не помислува да ја ризикува иднината на Македонија, да не ја загрозува иднината на граѓаните.

Да размисли Мицкоски, да се охрабри и да одговори, пред себе, пред својата партија и пред целата јавност, дали ќе гласа на престојниот референдум ЗА македонска иднина во ЕУ и НАТО.

Се друго е неодговорно и несериозно и кон граѓаните и кон државата.