Северна Македонија и Албанија, успеси за Комисијата на Фон дер Лајен

Една година по стапувањето на функција на новиот состав на Европската комисија под палка на Урсула фон дер Лајен, институцијата ги набројува своите успеси, меѓу нив
дебокирањето на преговорите со Скопје и Тирана, јави дописничката на МИА од Брисел.

„На 67-от ден, Комисијата усвои нова методологија за пристапните преговори со ЕУ за да ги направи покредибилни, предвидливи и динамични со посилно политичко водство, ова го отвори патот за Европскиот совет да ги започне пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, за кои нацрт преговарачките рамки му се поднесени на Советот од страна на Комисијата“, стои во презентацијата на Комисијата
за првата година од мандатот на претседателката Фон дер Лајен.

Европската комисија истакнува и дека била „целосно солидарна“ со земјите од западниот Балкан за време на кризата со Ковид-19.

„Обезбедивме веднаш долгорочна поддршка и ви вклучивме во многу иницијативи нормално резервирани само за земјите членки“, потсетува Комисијата.

Како успех во однос на регионот се смета и предлогот за економски и инвестициски план презентиран во октомври.