Села: Заев нема потреба да му се правда на Иванов

„Платформата на албанските партии не претставува закана за Македонија“, изјави лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села, за ТВ21 и останува на ставот дека неговата партија нема да се откаже од тој документ.

Тој смета дека Зоран Заев нема потреба да се правда пред претседателот Ѓорге Иванов со откривање на Владината програма.

Села вели дека ВМРО-ДПМНЕ, декларацијата ја користи за манипулирање со македонскиот народ, бидејќи според него, содржината на документот не претставува опасност за Македонија.