Селена Гомез одговори на иницијативата за одбележување на Геј Прајд месецот, инициран од страна на списанието Билборд и напиша писмо до членовите на ЛГБТ заедницата, во кое сподели увид во своето детство во кое била опкружена со „љубезни, забавни и драги пријатели“ на својата мајка, кои биле хомосексуалци.
Се сеќавам кога бев дете и кога во неделите одев на ручек со мајка ми и група нејзини пријатели, не знаев дека тие се геј, зашто во тоа време не разбирав што значи тоа. Се што знаев е дека се љубезни, забавни и драги луѓе во чие друштво сакав да бидам. Дефинитивно морам да и заблагодарам на мојата мајка што ме воспитуваше во духот на отворен ум и опкружување кое не осудува, напиша Селена во писмото.
Исто така, таа раскажа дека нејзината мајка за 16-ти роденден организирала многу убаво изненадување.
Бев изненадена со настап на најубавата Драг кралица, која ја пееше мојата омилена песна, рече Селена.
Младата пејачка гледа напредок кој ЛГБТ заедницата го остварила до сега, но признава и дека пред нив има уште многу работа.Се радувам на денот кога тие лица нема да бидат осудувани и дискриминирани и кога луѓето нема да се плашат од својата сексуалност, напиша Селена.







