Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СЕ КРЕВА КАКО ФЕНИКС ОД ПЕПЕЛТА: Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена следната година
Автор

СЕ КРЕВА КАКО ФЕНИКС ОД ПЕПЕЛТА: Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена следната година

март 7, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Реконструкцијата на катедралата Нотр Дам во Париз се одвива доволно брзо за да овозможи нејзино повторно отворање за посетителите и верниците на крајот на 2024 година, помалку од шест години откако пожарот го уништи покривот на градбата, соопштија француските власти.

„Кулата на катедралата, која се урна во пожарот, годинава повторно ќе почне постепено да се појавува како силен сигнал за нејзино оживување“, изјави претставникот на војската задолжен за проектот, генерал Жан-Луј Жоржелин.

„Враќањето на кулата на небото на Париз ќе биде, според мое мислење, симбол дека победуваме, во ‘Битката кај Нотр Дам“, рече тој за Асошиетед прес.

Самата реконструкција почна минатата година, после повеќе од две години работа на тоа споменикот да биде доволно стабилен и безбеден за занаетчиите да почнат да го обновуваат.

Властите одлучија да го обноват споменикот од 12 век, ремек-делото на готската архитектура, како што беше порано.

Тоа вклучува повторното создавање на кулата висока 93 метри, која во 19 век ја создаде архитектот Ежен-Емануел Виол-ле-Дик.

Во меѓувреме, бесплатна изложба под називот „Нотр-Дам: Во срцето на градилиштето“ ќе биде отворена за посетителите денеска во подземен објект пред катедралата.На изложбата ќе бидат претставени тековните работи на локацијата, како и некои остатоци од пожарот и уметнички дела од катедралата.

Генералот Жоржлин најави дека катедралата повторно ќе биде отворена во декември 2024 година, во склад со целта што ја постави претседателот Емануел Макрон непосредно после пожарот.

„Секој ден во главниот град и низ целата земја, околу 1.000 луѓе работат на обновување на Нотр Дам“, рече Жоржлин.

Филип Јост, генерален директор на владината агенција која ја надгледува реконструкцијата, вели дека резултатот „ќе биде верен на оригиналната архитектура“ затоа што, истакнува, се држат до формите што недостасуваат на катедралата“ и затоа што се држат до материјалите и методите на изградба од средниот век.

Пожарот во катедралата Нотр Дам избувна на 15 април 2019 година во доцните попладневни часови под покривот на катедралата, а беше изгаснат 15 часа подоцна.

Во пожарот изгореа покривот и кулата на покривот, а внатрешноста на катедралата, горните ѕидови и прозорците беа тешко оштетени. После неполни 12 часа по избувнувањето на пожарот, беа собрани повеќе од 900 милиони евра донации за обнова на катедралата од целиот свет.

актуелно катедрала нотр дам Париоз пожар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.