Се огласи шефицата на лабораторијата од Вухан: Нема докази дека вирусот ни „побегна“!

Научникот од Институтот за вирусологија во Вухан, др. Ши Зенгли, позната како „Жената лилјак“, ги отфрла новите тврдења дека ковид-19 побегнал од нивната лабораторија и истите ги нарече „тажни и неприфатливи“.

Група од 28 научници, вклучувајќи еден од најистакнатите светски истражувачи за корона вирусот, повторно ја покрена расправата за тоа дали ковид-19 преку ноќ побегнал од лабораторијата во Вухан.

Предупредувајќи дека нема доволно докази за таа можност да се исклучи, групата објави текст во престижното списание „Наука“ (Science), повикувајќи се на понатамошна истрага за потеклото на видот ковид-19, одговорен за глобалната пандемија.

„Мораме сериозно да ги сфатиме хипотезите за природното и лабораториското прелевање додека не добиеме доволно податоци“, се наведува во текстот.

„Правилната истрага треба да биде транспарентна, објективна, заснована на податоци, вклучувајќи широка стручност, независен надзор и одговорно водење за да се минимизира влијанието на судирот на интереси. Агенциите за јавно здравје и истражувачките лаборатории мораат да ги отворат своите евиденции за јавноста“, се наведува понатаму.

Текстот е потпишан од угледни научници кои се експерти во истражувањето на САРС-Ков-2, вклучувајќи ги и Џеси Блум, биолог од Центарот за истражување на карцином во Сиетл, Ралф Бариц, истражувач за корона вирус којшто работеше со научниците на Институтот „Вухан“ во Кина, и Дејвид Релмен, микробиолог и имунолог од Институтот „Станфорд“.

Вирусологот од Вухан, Ши Зенгли, на повикот да ги предаде своите лабораториски документи одговори со меил.

„Тоа дефинитивно не е прифатливо. Кој може да обезбеди доказ кој не постои? Многу е тажно да се прочита ова ‘писмо’, кое го напишале 18 научници“, напиша „Жената лилјак“, др. Зенгли во својот одговор после прозивката од своите колеги.

Во мејлот, меѓу другото, таа истакна и дека „ваквото тврдење дефинитивно ќе им наштети на угледот и на ентузијазмот на научниците кои се посветени на работа на новите животински вируси кои имаат потенцијален ризик од прелевање на човековата популација и, на крајот, ќе ја ослабнат способноста на луѓето да ја спречат следната пандемија“.

Светската здравствена организација испрати екипа истакнати научници во Вухан, од каде што потекна вирусот во декември 2019 година, за да го истражат потеклото на ковид-19.