Се преврте автобус во Битола, четири лица полесно повредени

LinkSense.mk

Утрово во 6. 30 часот автобус полн со работници од фабриката „Кромберт и Шуберт“ во Индустриската зона Жабени кај Битола се преврте утринава, информираат од СВР Битола.

Во автобусот биле работници од третата смена кои се враќале дома.

Повредени се четири лица, сите полесно. Тие се амбулантски третирани и не се
хоспитализирани.

Според првичните информации од полицијата, има повредени, но не се во животна опасност.

Полицијата врши увид.

 

ФОТО: МИА