Се преврти кубански брод

Две лица загинаа, а уште 10 се водат како исчезнати, откако брод којшто патувал од Куба за Америка се преврти кај Ки Вест, остров близу Флорида, соопштија денеска американски официјални лица.

Крајбрежната стража потврди дека на локација на неколку километри од Ки Вест вчера околу 13 часот, откако екипажот при редовна патрола забележале повеќе луѓе во водата, спасила осум лица и излекла две безживотни тела од океанот, пренесува АП.

Полицијата го истражува подрачјето во потрага по исчезнатите патници и превртеното пловило.

Преживеаните патници кои се префрлени на брод на кој им е укажана потребната помош, потврдија дека ја напуштиле Куба во неделата и дека се превртеле во средата вечерта, се наведува во соопштението на американските власти.