Се расчистува снегот од шахтите во Скопје

LinkSense.mk

– Активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализациска мрежа во Скопје, започнаа утринава екипите на ЈП „Водовод и канализација”, по обилните врнежи од снег изминатиот викенд.

Екипите, како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ во текот на денот ќе продолжат со расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територијата на град Скопје.