Се спојуваат Скопје и Атина – авионски

LinkSense.mk

На Скопскиот аеродром в четврток (1 ноември) во 18 часот ќе биде одбележано  воспоставувањето на директни летовите помеѓу Скопје и Атина од страна на  грчката  авиокомпанија  „Ејџиан Ерлајнс“ (Aegean Airlines), најави денеска ТАВ Македонија, концесионер на аеродромите во Скопје и во Охрид.

На настанот се најавени обраќања на министерот за транспорт и врски  Горан Сугарески, директорот за земски операции во Aegean Airlines Панос Николаидис и на  генералниот директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој.

На новата авиолинија, согласно зимскиот ред на летање, ќе се реализираат летови двапати неделно, секој четврток и вторник.

Според информации од Атина, Скопје и Атина ќе ги поврзе авион на „Олимпик ер“, подружница на „Ејџијан ерлајнс“, а летовите ќе бидат со авион „кју400“ со капацитет од 78 патници.

Авионот секој вторник од Атина ќе тргнува во 9 часот по локално време, а во 9.45 од Скопје по македонско време.

Во четврток летот од грчкиот главен град е во 18.40 часот, а од македонската во 19.25 часот.

 

24ВЕСТИ