Се сруши авион во Атланта

Авион се сруши денеска во близина на станбен комплекс во Атланта, недалеку од автопатот.

Спасувачките екипи се наоѓаат на местото на настанот, рече капетанот на округот, Декалб Деон Бентли, за ТВ станицата WSB-TV во Атланта, пренесе АП.

За сега не се знае кој тип на авион се срушил, ниту пак дали има повредени и загинати во инцидентот.