Се тресеше земјата во Црна Гора и БиХ

Сеизмолошкиот завод на Црна Гора регистрираше вчеравечер североисточно од Крушевица со земјотрес со средна јачина кој можел да предизвика мала материјална штета.

Земјотрес со јачина од четири степени по Рихтеровата и шест степени по Меркалиевата скала, најповеќе се почуствува во Херцег Нови и во другите приморски градови, а потрес на земјата се почуствувал и во Никшиќ и Подгорица.

Утринава, пак, околу 8,55 часот земјотрес со јачина од 3,2 степени по Рихтер го погоди Сараево.

Според податоците длабочината на потресот била на 10 километри, на одалеченост од околу 13 километри од Сараево.