Јапонија денеска ја прошири листата на санкционирани физички и деловни субјекти на Русија, замрзнувајќи ги имотите на 48 лица, меѓу кои и на заменик министерот за одбрана, Виктор Горемикин, и извршниот директор на Калашников, Алан Лушников.
Новиот список на санкционираните го објави јапонското Министерство за надворешни работи.
Со новите рестриктивни мерки на Јапонија вперени против Русија, поради војната во Украина, се опфатени „Росбанк“, бродоградилиштето „Звездочка“ и уште 91 правен субјект.
Имотот е замрзнат за 73 компании, додека на уште 21 организација, меѓу кои и приватната воена компанија „Вагнер“ и институцијата за примена на стандарди „Росстандард“, се однесува на забрана за извоз.







