Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра

октомври 20, 2026

УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер

октомври 20, 2026

Цената на нафтата драстично скокна

октомври 20, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
  • Албанската влада разгледува намалување на возраста за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
  • ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври 70.358 денари – зголемена e за 926 денари
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СЗО: Октомври и ноември ќе бидат тешки за Европа во смисла на коронавирусот
СВЕТ

СЗО: Октомври и ноември ќе бидат тешки за Европа во смисла на коронавирусот

септември 14, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Светската здравствена организација (СЗО) очекува зголемување на бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Европа во текот на октомври и ноември, период, кој според нејзините предвидувања ќе биде „потежок“ што се однесува до епидемијата, изјави денеска за Франс прес директорот на европскиот огранок на организацијата, пренесува Бета.

– Работите ќе станат потешки. Ќе видиме поголема стапка на смртност во октомври и ноември, изјави Ханс Клуге.

Се очекува зголемување на бројот на смртни случаи на дневна основа поради зголемувањето на бројот на случаи на инфекција со повторното ширење на епидемијата во Европа, наведе СЗО.

– Сега сме во момент кога земјите не сакаат да слушаат ваква лоша вест, јас го разбирам тоа, рече шефот на европскиот огранок на СЗО, кој посочи дека сака да испрати „позитивна порака“ дека пандемијата „ќе запре во одреден момент“.

Европскиот огранок на СЗО денеска и утре одржува состанок со околу 50 земји-членки за размена на мислења за одговорот на пандемијата и за усогласување на петгодишната стратегија.

Високиот функционер во организацијата, чие седиште е во Копенхаген, ги предупреди оние кои сметаат дека крајот на епидемијата ќе се совпадне со развојот на вакцината, која сè уште се развива.

– Постојано слушам дека вакцината ќе означи крај на епидемијата. Секако дека не, рече Клуге.

– Ние дури и не знаеме дали вакцината ќе биде ефикасна во сите делови од населението. Некои знаци што ги добиваме се дека ќе биде ефикасна за некои, но не и за други. И ако треба да нарачаме различни вакцини одеднаш, каков логистички кошмар, предупреди Клуге.

Тој рече дека крајот на пандемијата ќе биде во моментот кога, како заедница, ќе научиме да живееме со таа пандемија.

– И тоа зависи од нас. Тоа е многу позитивна порака, речеКлуге.

Бројот на новозаразени во Европа значително се зголемува во последните неколку недели, особено во Шпанија и Франција. Во петокот, за само еден ден, се регистрирани повеќе од 51.000 нови случаи во 55 земји опфатени со европскиот огранок на СЗО, што е повеќе од врвот забележан во април, според податоците на таа организација.

Во исто време, бројот на смртни случаи во текот на еден ден во моментов е на ниво од почетокот на јуни, околу 400 до 500 смртни случаи поврзани со Ковид-19, според истиот извор.

актуелно ЕУ корона вирус ноември октомври сзо тешки месеци
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра

октомври 20, 2026

УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер

октомври 20, 2026

Цената на нафтата драстично скокна

октомври 20, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.