Франција ќе ја зголеми безбедноста околу црквите за време на божикните и новогодишните празници заради можни терористички напади, пишува ДПА.
Полицијата и жандармеријата ќе бидат видливо распоредени пред црквите за да ги заштитат верниците за време на божикните прослави, напиша францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, на „X“ (поранешен Твитер).
Дарманин претходно ги повика управите на полицијата да бидат многу внимателни за време на празничниот период.
Од смртоносниот напад на исламист врз учител во октомври, Франција е на сила највисоко ниво на опасност од тероризам.
Уште во петокот во антитерористичка операција на истокот од земјата беа приведени пет лица.
Во Германија во саботата беа зголемени безбедносните мерки во катедралата во Келн поради сознанија за постоење на можен план за напад на исламистичка група.