Силен земјотрес во Иран

„Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди провинцијата Хорасан во североисточниот дел на Иран, објави тамошниот сеизмолошки центар. Земјотресот се случи во 8:32 часот по локално време на длабочина од шест километри, во близина на градот Гушан.

Земјотресот погоди неколку области во провинцијата, вклучувајќи го и главниот град Машхад.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.

Иранската Црвена полумесечина информира дека спасувачките екипи се во состојба на готовност. Американскиот институт за геофизика, од своја страна, објави дека земјотресот бил со јачина од 5,1 степени на длабочина од два километри. Иран е подложен на речиси секојдневни земјотреси бидејќи се наоѓа помеѓу неколку тектонски плочи.