Силен земјотрес во Хрватска: Повторно се тресеше тлото кај Петриња

Земјотрес, со јачина од 4,2 степени по Рихтер, регистриран е во Хрватска, со епицентар кај Петриња. Сеизмолошките служби го забележале земјотресот малку пред два часот после полноќ.

Земјотресот се почуствувал во пошироката околина на Петриња и Сисак, како и во околината на Загреб.

Претходно, Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар објави дека земјотресот бил со магнитуда од 4,7 со епицентар на 10 километри југозападно од Сисак и 49 километри југоисточно од Загреб.

Половина час подоцна бил забележан нов, послаб земјотрес со јачина од 2,8 степени пои Рихтер, повторно со епицентар кај Петриња.

За сега нема информации за евентуални загинати и повредени или за направена материјална штета.