Вчеравечер силен земјотрес го погоди западниот дел на американската сојузна држава Тексас, а Европскиот медитерански сеизмолошки институт на својата веб-страница објави дека потресот бил со јачина од 5,4 степени.
Епицентарот бил на длабочина од десет километри.
Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени и загинати.