Албанија рано утринава ја погоди силен земјотрес, при што загинаа три лица, а повеќе од 150 повредени. Јачината на земјотресот била 6,4 степени.
Медиумите информираат дека најмалку три лица починале во Туман и Лач. Се уште не е познат вкупниот број на жртви. Се претпоставува дека бројот на загинатите може да порасне.
Министерката за здравство Огерта Манастирлиу потврди дека најмалку 150 лица се повредени, меѓу кои и 75 кои се лекуваат во болница во главниот град.
Земјотресот што се случи во 3.54 часот по локално време е еден од најсилните земјотреси во земјата досега регистрирани.
Европско-медитерански сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот имал прелиминарна моќност од 6,3 степени според Рихтеровата скала и дека епицентарот бил на околу 12 километри северо-источно од Драч и околу 30 километри од Тирана.
Потресот се почуствува во Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Италија, Косово, Црна Гора, Србија и Северна Македонија.
Новинските агенции јавуваат дека силината на земјотресот била дури 6,7.
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиа, веднаш се огласи на социјалните мрежи.
„Итните служби се на теренот! Јавете се на 112 за какви било итни потреби“, напиша Велиа на Твитер.
Скот Кутбертсон, турист кој престојувал во Драч, сподели слика на Твитер на „површни пукнатини“ кои се појавија на хотелскиот ѕид во кој престојуваше.
Тој го наслови својот Твитер: „Никој не знае што да прави. Персоналот на хотелот не бил обучен за земјотрес. Многу гости уште се надвор, некои во лобито, некои се вратија во кревет“.
Детали за штета или жртви не се целосно достапни, но официјални лица соопштија дека најверојатно се сериозни штетите и дека има жртви.









