Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес со силина од 6,5 степени според Рихтеровата скала вчеравечер ја потресе областа одалечена 164 километри југоисточно од градот Китимат, во канадската покраина Британска Колумбија, соопшти Геолошкиот топографски институт на Соединетите Американски Држави.

Земјотресот е на длабочина од 15 километри, информираа од овој Институт.