Силна експлозија во Шведска – евакуирани станарите на зградата, 20 лица однесени во болница (ВИДЕО)

Силна експлозија го тресеше рано утрово шведски Гетебург. Како што јавуваат шведските медиуми до експлозија дошло во зграда во центарот на градот, а повеќе од 20 луѓе се пренесени во болница.

На лице место има повеќе од 40 пожарникарни коли.

Засега не знае причината за експлозијата. После експлозијата избил голем пожар во зградата.

Три постари жени се потешко повредени.

„20 од 25 луѓе се пренесени во болница, некои се тешко повредени, некои полесно. Три жени на возраст меѓу 60 и 80 години се тешко повредени“, рекле од локалната болница.