Силно невреме ја погоди Истра

LinkSense.mk

Ноќта меѓу саботата и неделата Истра ја погоди силно невреме, а на морето западно од полуостровот дојде до развој на силни бури.

Една исклучително силна бура го погоди Ровињ, а другата Умаг. И двете беа проследени со силни грмотевици и молњи.

За само два часа биле забележани 10.000 удари на молњи, пишува Истрамед.

Во Петровија молња удри на селските гробишта каде што запали стебло и предизвика пожар. За среќа пожарникарите биле на терен и за десетина минути спречиле огнот да се прошири.

Нешто пред три часа невреме ја зафати и Пула, а во делови на градот кратко време паѓал град со големина на сини сливи.

Со почетокот на новата недела времето ќе биде променливо, во понеделник ќе има мало заладување, а од вторник повторно ќе биде топло, информира ХРТ.