Сингапур почнува да тестира воведување на дигитален долар

LinkSense.mk

Сингапурската централна банка започна реализација на проект за технолошки аспекти за изградба на дигитална форма на својата валута, за да се подготви за деновите ако овој град – држава одлучи да ја има, рече денеска нејзиниот шеф.

Главниот директор на Монетарната управа на Сингапур, Рави Менон, смета дека иако се признаваат потенцијалните предности за поседување на сопствена дигитална валута за локалната јавност, таквите аргументи не се доволно убедливи.

Физичката готовина, смета тој, ќе остане прилично долго, а можната замена на валутата со странски дигитални пари „претставува ризик“.

Под кодно име ‘Проект Орчид’ ќе се насочиме кон технолошката инфраструктура и техничките компетенции потребни за издавање на дигиталниот сингапурски долар“, рече Менон.

Проектот ќе биде во партерство со приватниот сектор“, додаде.

Коментарите на Менон ја одразуваат дилемата на централните банкари ширум светот, кои забележуваат дека криптовалутите стануваат се поважни од системска гледна точка и гледаат како децентрализираните финансии ја оспоруваат посредничката улога на финансиските институции, пренесува Блумберг.

Кина постигна значителен напредок со својот е-јуан, кој мина бројни испитувања, во однос на земјите од Америка до Обединетото Кралство и Јапонија кои сеуште расправаат за тоа.

Издавањето на дигиталната валута за малопродажба на крајот е социо-економска, а не монетарна работа“, рече Менон.

Сингапур е меѓу земјите пионери кои работат на различни проекти за прекугранични плаќања со електронски пари, кои имаат предност во однос на книжните пари.

Банката за меѓународно порамнување работи на студија за развој на прототип за заедничка платформа која ќе овозможи меѓународно порамнување на дигитални валути кои ги поддржуваат цетралната банка соАвстралија, Малезија, Сингапур и Јужна Африка, објавија во јуни официјални лица од таа финансиска институција.