Синдикат на Полиција на Македонија реагира за непреземање заштитни мерки во услови на ковидкриза во ПС Велес

Скопје, 9 декември 2020

Синдикат на Полиција во Македонија има морална, етичка и законска одговорност да го предупреди Министерството за внатрешни работи дека согласно новата биолошка штетност од „САРС-КoВ-2“ вирусот треба да се преземат конкретни мерки за заштита и превенција, дефинирани во протоколот за превентивни мерки за сите работни места.

И покрај тоа што на највисокото раководство на СВР Велес (Началникот на СВР Велес и Командирот на ПС ОН Велес З.Ј и А.Т) од вработени им е укажано пред повеќе од 30 дена за појавата за ширење на неподнослива миризба која е основа за понатамошни зарази во ова време на пандемија сеуште (до денес) од нивна страна нема ниту било каква реакција, што како Синдикат кој здравјето на вработените ни е пред се, се одлучивме да ја запознаеме јавноста и вработените.

Сето ова доаѓа од полициска станица односно Сектор за внатрешни работи кој неодамна пред една година целосно е „опремен и реновиран“ како таков.

Бараме од надлежните, оваа појава за никаква негрижа од страна на високото
раководство на СВР Велес да се острани и веднаш да се преземат мерки за заштита на вработените согласно закон.

Исто така ПОТСЕТУВАМЕ дека вработените во полициските канцеларии Градско и Богомила при ПС ОН Велес сеуште немаат обезбедено дрва за огрев иако неколку пати е барано преку Одделението за заеднички работи на СВР Велес, но од страна на тамошниот началник Ѓ.И образложено е дека „ништо не знаел и дека тоа не било негова работа“.

Се надеваме во најбрз можен рок, појавата „мрзнење“ на работните места во овие станици ќе биде минато.

Напомена: Ги охрабруваме вработените во Министерството да пријавуваат секаков вид на непрофесионално и нестручно работење на раководни структури во МВР.

Синдикат на Полиција на Македонија