Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » СИРИЗА и Ципрас од Солун ќе и кажат „Да“ на демократијата и „Не“ на поделбата и нетолеранцијата
Македонија

СИРИЗА и Ципрас од Солун ќе и кажат „Да“ на демократијата и „Не“ на поделбата и нетолеранцијата

декември 6, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По собирите и опсадите на средните училишта од учениците во северна Грција, кои преку слогани тврдеа дека „демократијата ја продаде и предаде Македонија“, СИРИЗА на 14 декември ќе одржи политички настан во Солун, на кој главен говорник ќе биде Алексис Ципрас за да се испрати пораката дека грчката „Македонија вели „Да“ на демократијата, вели „Да“ на солидарноста, вели „Не“ на национализмот и поделбата“, јави дописничката на МИА од Атина.

Настанот на грчката владејачка партија, против поделбата и нетолеранцијата го најави генералниот секретар на СИРИЗА, Панос Скурлетис, на прес конференција во Солун.

„Со цел да испратиме порака на хармоничен соживот до секој прогресивен и демократски граѓанин, на 14 декември ќе организираме голем политички собир, овде во Солун на кој ќе говори премиерот, за да испратиме јасна порака дека Македонија вели „Да“ на демократијата, вели „Да“ на солидарност, вели „Не“ на национализмот и поделбата. Ние сме подготвени, со сите наши сили да ја претставиме и да ја браниме оваа порака, рече Скурлетис.

Генералниот секретар на СИРИЗА, објаснувајќи зошто се решиле на ваков чекори сподели неколку размислувања, во кои централната тема е Договорот од Преспа. Го спомена ставот на владата, но и ставот на опозицијата, како во Грција, така и во Македонија.

„Договорот од Преспа е историска шанса. Видете кои се оние кои во овој момент, од другата страна, во ПЈРМ, се борат против. Тоа се екстремните националисти. Тогаш нешто не е во ред. Не може овде, како влада,  како СИРИЗА да нè обвинуваат за намалена национална свест. Некои да сметаат дека сме предавници, а во исто време, од другата страна, екстремните националисти да веруваат дека содржината на овој договор е предавство на нивните интереси, рече Скурлетис и додаде дека тие се цврсто фокусирани на содржината на договорот.

Упати и директно прашање до опозициската Нова демократија, дали тие се согласуваат со слоганот дека „демократијата ја предаде Македонија“ и рече дека е потребно формирање заеднички демократски фронт.

„Може да не се согласуваме во однос на содржината на Договорот од Преспа, но ова е целосно различно од тоа да негираме дијалог, да негираме дека постои, во рамките на нашата демократија, размена на мислења. И навистина, ми направи негативен впечаток фактот дека по повод изјавите на господинот Заев, претседателот на Нова демократија побрза уште еднаш да употреби реторика на поделба, во моментите кога владата на апсолутно јасен начин одговори на овие изјави, а и самиот Заев беше принуден да ги промени. Ние имаме кажано дека сме цврсто фокусирани на содржината на договорот, кој сметаме дека им служи на националните интереси и создава нови перспективи за Северна Грција, за Македонија, за Солун, за улогата на Грција на Балканот, рече генералниот секретар на СИРИЗА.

Прашан за изјавата на македонскиот премиер, Скурлетис рече дека нема да навлезе во логиката да ги толкува изјавите на Заев.

„Ние строго ќе ја браниме содржината на договорот, што не остава никаков простор за иредентизам или за историски неточни пристапи. И во однос на ова сме јасни. Впрочем, затоа и го промовираме овој договор за да ставиме крај на таков вид на радикални гласови, националистички гласови од другата страна. Овој договор доаѓа да затвори едно прашање со кое се занимаваме со децении, а во тој период, во овие децении, земјата не доби многу работи, не доби. Сега е моментот да направиме квалитетен скок, сега имаме голема шанса, на национално најкорисен начин, да се затвори овој случај, рече Скурлетис, пренесе МИА.

Политичкиот настан на кој ќе говори Ципрас, ќе се одржи следниот петок во вечерните часови во спортска сала во Солун, а Скурлетис најави и други вакви настани и собири.

актуелно Договор преспа Сириза ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.