Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Сите сме деца на Илинден“ – слоган на чествувањата за 2 Август
Во Фокусот

„Сите сме деца на Илинден“ – слоган на чествувањата за 2 Август

јули 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Сите сме деца на Илинден“ е слоганот на сите настани со кои годинава ќе се чествува Денот на Републиката – 2 Август, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание ан АСНОМ.

Според Владата, која на седница ја утврди Програмата за одбележување на Илинден на предлог на Организацискиот одбор, слоганот го одразува концептот на заедничките вредности кои, како што посочува – сите ги славиме, празнуваме, кои нè обединуваат и поврзуваат, нè прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава.

Свеченостите по повод Денот на Републиката ќе почнат со активностите на претседателот на државата Стево Пендаровски, кој заедно со делегации ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и ќе се поклони пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ,  Методиј Андонов Ченто во Скопје.

Претседателот Пендаровски, заедно со Сојузот на борците, ќе положи цвеќе на Алејата на славните, по што ќе следува прием за гостите и за делегацијата на борците во претседателската вила на Водно, каде што Пендаровски и претставник на Сојузот ќе имаат обраќања по повод празникот.

Втори август истиот ден се чествува и во Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце, каде што на свеченоста по повод Илинден и 75-годишнината од Првото заседание на АСНОМ ќе говори претседателот на Собранието Талат Џафери, а потоа ќе има културно-уметничка програма.

Централната свеченост за Денот на Републиката – 2 Август во Крушево ќе се одржи на Мечкин Камен, каде што делегацијата ќе ја предводи премиерот Зоран Заев кој ќе има обраќање.

Ќе биде положено цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, а по обраќањата ќе следува свечена културно-уметничка програма.

Во рамки на Програмата за одбележување на Денот на Републиката – 2 Август се и активностите во Смилево, со кои ќе се одбележат 116 години Илинден и 77 години од првата борбена акција на битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“.

Ќе биде положено цвеќе на споменобележјата и посетен меморијалниот музеј Смилево.

актуелно Илинден слоган
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.