Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Сиљановска Давкова ќе го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски
Македонија

Сиљановска Давкова ќе го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски

јуни 6, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, напладне, во вила Видно, ќе го додели мандатот за формирање влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, што беше потврдено при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација на ресорите и ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието достави предлог законски измени кои веќе се ставени на собраниска седница закажана за утре.

Според Мицкоски, преговорите за владата се веќе завршени во делот на формирање на владините ресори и во делот на третиот ешалон.

-Очекувам час поскоро да го поднесам составот на членовите на идната влада која ќе биде изгласана пред крајниот рок што е дефиниран согласно закон и Устав, изјави Мицкоски во Собранието по поднесувањето на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа.

Тој побара поддршка од сите пратеници за законските измени за кои е потребно двотретинско мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ на изборите освои 58 пратеници, Коалицијата „Вреди“  14, а Движењето ЗНАМ шест.

-Ветивме функционална и правна држава, ефикасна Влада што ќе спроведе реформи. Суштината на огромната доверба од граѓаните е политиките кои што треба идната влада да ги спроведе за да има владеење на правото, да нема граѓани од втор ред, да се зајакне економијата, учениците да имаат учебници на почетокот на годината, во здравството да има услови, за земјоделците субвенции и се она што сме ветувале во програмата. За се ова да се спроведе е потребно да се донесат измените и реорганизација на ресорите на Владата, изјави Мицкоски.

Легитимитетот и легалитетот на ова барање рече дека го темели на изборниот резултат од пред неколку недели кога коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и новиот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова освоија 436.000 гласови, односно 561.000 гласови.

Измените на Законот, по скратена постапка, тој ги поднесе врз основа на членот 71 став 1 од Уставот и врз основа на членовите 139, 144 и 175 од собранискиот Деловник.

– Очекувам поддршка од сите парламентарни групи кои се дел од овој собраниски состав. Претпоставките да ги оставиме настрана. Не сме наивни политичари да веруваме во случајности, во политиката ретко има случајности, рече Мицкоски, коментирајќи дали се преговара за потребното двотретинско мнозинство за законските измени.

Од СДСМ најавија дека ќе се изјаснат откако ќе го видат предлогот, а од Левица прифаќаат реорганизација на министерствата, под услов ВМРО-ДПМНЕ да прифати промена на изборниот модел и воведување една изборна единица.

-Левица повторно подава рака на ДПМНЕ за овие законски измени да бидат поддржани од нивните пратеници, со едноставен услов – паралелно со ова да се изгласа и Законот со кој ќе се промени изборниот модел и ќе биде воведена една изборна единица! Воведувањето на една изборна единица во Република Македонија е неопходно заради еднаквото вреднување на секој глас на граѓаните даден на изборите. Од мисијата на ОБСЕ веќе со години во своите извештаи препорачуваат ваков изборен модел во државата, а ова не би требало да биде проблем за прифаќање од страна на ДПМНЕ, со оглед на тоа дека тие во својата програма и во предизборните ветувања најавија вакво системско решение, наведе во соопштение Левица.

Со измената на Законот за кои е потребно двотретинско мнозинство треба да се формираат или реорганизираат определен број министерства во рамки на владата.На Министерството за економија ќе му биде додаде сегментот труд, а сосегашното Министерството за труд и социјална политика ќе биде министерство за социјална политика, демографија и млади. Агенцијата за млади и спорт нема да постои и ќе има посебно министерство за спорт. Дел од надлежностите кои ги имаше досега министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на ново  министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, ингеренциите за туризмот ќе ги има ново министерството за култура и туризам. Ќе се формира и министерство за дигитализација кое ќе ги наследи обврските ба досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, а ново ќе биде и министерството за администрација.

Порака за што поскоро формирање на владата вчера упати евроамбасадорот во државава Дејвид Гир реафирмирајќи ја подршката за соработка со сите чинители кои ќе работат на целта за членството во ЕУ.

-Со нетрпение очекуваме да се формира што е можно поскоро стабилна Влада којашто ќе ги преземе сите неопходни чекори за имплементација на сите реформи се со цел да ја донесе т.е зачлени земјата што е можно поскоро во Европската унија. Ќе соработуваме со сите и очекуваме сите политички чинители кои ја изразија таа посветеност и таа заложба за време на изборниот процес да продолжат да го дадат тој придонес се со цел да го поддржат членството на вашата земја колку што е можно поскоро во рамките на Европската унија, изјави Гир, по отворањето на Европска куќа во Тетово.

Рокот од 20 дена за формирање влада истекува на 25 јуни. За Владата да биде изгласана потребно е апсолутно мнозинство од најмалку 61 пратеник од вкупно 120-члениот парламент.

актуелно влада врачување мандат мицкосвки силјановска состав
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.