Скандал на Мундијалот во Катар: Ето полуде и натепа камерман

LinkSense.mk

Легендарниот фудбалер Самуел Ето беше во центарот на вниманието вчеравечер во Катар поради инцидентот што се случи после осминафиналето помеѓу Бразил и Јужна Кореја.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Камерун се фотографираше со навивачите, но ситуацијата за дел од секундата излезе од контрола.

Ето најпрвин влезе во вербален конфликт со едно лице, а откако му го даде мобилниот на човек од неговото опкружување, се затрча и со колено во глава го удрил момчето кое ја држеше камерата.

Репрезентацијата на Камерун го заврши натпреварувањето во Катар со победа во групата Г против Бразил, но сепак беше елиминирана.