Скопје со посебен режим на сообраќај

LinkSense.mk

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска поради најавено одржување на протест, со почеток во 6.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

Посебниот режим на сообраќај ќе биде воспоставен на булеварот „Илинден”, од крстосницата на „Илинден” со бул. „Св. Климент Охридски” до крстосницата меѓу бул.„8 Септември” и бул. „Илинден”, крстосницата од ул. „11 Октомври” и бул.„ Кочо Рацин” (Црвен крст) и крстосницата од бул. „Гоце Делчев” и бул. „Крсте Мисирков” (Судска палата).

Од полицијата апелираат граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците заради безбедност на сите учесници во сообраќајот.