Словачка во локдаун, а Чешка ги заострува мерките за да го избегне

LinkSense.mk

Дводневниот локдаун стапи на сила денеска во Словачка, земја со трет најмал дел на вакцинирани, откако што состојбата во болиците стана критична, а бројот на заразени по глава на жител е најголем на свет.

Во Словачка, земја со 5,5 милиони жители, затворено е се освен продавниците со нужни потреби и аптеките, а граѓаните не смеат да ги напуштаат своите општини освен во случај на одење кај лекар, на работа или во училиште. Забранети се и собирања на повеќе од шест луѓе.

Словачките власти донесоа ваква одлука во моментите додека бројот на заразени расте ширум Европа која стана средиште на пандемијата и откако соседната Австрија воведе локдаун во понеделникот.

Вакцинирани се 45,7 отсто Словаци, а во Европската унија помалку се вакцинирани само во Бугарија и Романија. Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, во Унијата се вакцинирани 65,8 отсто од жителите.

Словачка со просечно 1929 случаи на еден милион жители во изминатата седум дена има најголема инциденција на светот според интернет страницата „Нашиот свет во податоци“ (Our World in Data).

Чешка ги заостри мерките

Во соседната Чешка од денеска баровите и клубовите мораат да затворат во 22 часот, а Божиќните саеми се забранети, со што владата сака да ја запре една од најголемите стапки на зараза на светот.

За културните и спортски случувања воведен е максимум од 1.000 посетители, но не е воведен локдаун како во Словачка и Австрија кои имаат поголем број на заразени.

Чешка во вторникот регистрираше рекордни над 25.000 случаи, а седмдневната инциденција изнесува 1.516 случаи на еден милион жители, по што од Чешка во полош случај се само Словачка и Австрија, покажуваат податоците на „Нашиот свет во податоци“.

Претходно, во Чешка на лицата кои не се вакцинирани против ковид-19 или во скоро време не ја прележале болеста им е забранет влез во баровите, рестораните, киата, фризерските салони и теретаните.

Против ковид-19 вакцинирани се 58,5 отсто Чеси.

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)