Словенија нема да ја тргне Хрватска од списокот на епидемиолошки безбедни држави

Словенија нема да ја тргне соседна Хрватска од списокот на епидемиолошки безбедни држави, чии граѓани без ограничувања можат да патуваат во и од земјата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

И покрај најавите дека тоа може да се случи по големиот раст на новозаразените во Хрватска, сепак, барем засега земјата останува на словенечката таканаречена „зелена листа“, објави прес службата на Владата.

Официјална Љубљана добила информации дека Хрватска донела одлука за ги затвори ноќните барови и дискотеките, бидејќи локалните здравствени власти сметаат дека тие се жариштата каде што се шири заразата.

Инаку, само во Загреб денес се потврдени 19 нови случаи на лица заразени со коронавирусот.