Словенија од денеска ја враќа во употреба вакцината на АстраЗенека

Словенија од денеска продолжува со употреба на вакцината против Ковид-19 на „АстраЗенека“, откако Европскиот регулатор за лекови објави дека здравствените придобивки ги надминуваат ризиците, изјави министерот за здравство Јанез Поклокар.

Словенија во понеделникот ја прекина имунизацијата со вакцини на „АстраЗенека“. Извештаите за ретки случаи на згрутчување на крвта поттикнаа повеќе од десет земји привремено да ја запрат вакцинацијата.