Словенија се крена на протест против Јанез Јанша

Во Љубљана денеска се најавени големи антивладини протести откако повеќе организации и движења, вклучително и синдикати и опозициски партии, го потврдија своето учество.

Минатиот петок, на митингот што го организираше движењето кое стои зад „велосипедските“ протести, на владата и беше даден ултиматум да поднесе оставка или да се соочи со масовен „бунт“ се додека не бидат распишани предвремени избори.

Пет големи синдикати се меѓу оние кои потврдија дека ќе учествуваат во протест поради нарушувањето на социјалниот дијалог од страна на владата, јави СТА.

Присуство најавија и студентите, пензионери, луѓе од академски и културни кругови, музичари, уметници, еколошки невладини организации и маргинализирани групи.

Опозициските партии исто така, планираат да се приклучат откако нивното барање за отповикување на премиерот Јанез Јанша беше одбиено во Парламентот претходно оваа недела.

 

 

(Фото: МИА)