Најмалку еден лице е убиено, а неколку други се повредени откако вчера Израел изведе четири напади врз источниот либански град Баалбек, изјавија за Ројтерс два безбедносни извори и гувернерот на Баалбек, Башир Кадер.
Во еден од нападите бил погоден јужниот влез во Баалбек, што е на два километри од древните римски урнатини, рекоа безбедносни извори.
Трите други напади се случија во близина на градот Тараја, 20 километри западно од Баалбек, додаваат тие.
Првото бомбардирање на источен Либан од избувнувањето на регионалните непријателства после почетокот на војната во Газа се случи на крајот на февруари.
Израелските напади главно беа ограничени на јужното гранично подрачје на Либан, иако тие во последните недели се преселија посеверно, што е проширување на израелската кампања, изјавил за Ројтерс либански безбедносен извор.
(Фото: Илустрација – Јалаа Мареј / АФП)